Македонскиот вицепрвак Металург забележа нов пораз во регионалната ракометна СЕХА-лигата. Попладнево на СЦ „Јане Сандански“ подобри од Металург беа гостите од Белорусија, Брест Мешков со 34:28.
За металурзи ова беше деветти порази во 11-от натпревар, додека Мешков стигна до шестата победа.
Вториот македонски претставник во СЕХА, тимот на Вардар вчера победи во Ниш на дуелот со Железничар.
Вардар е прв со 27 бода, Металург е на претпоследното (деветто) место со само четири бода.