Металург му ја препушта на Вардар фаворитската улога во „балканското дерби“

Од:

Големите ривали во македонскиот ракомет Металург и Вардар утревечер од 20 часот и 15 минути во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го одиграат својот дуел од балканската СЕХА лига. Од таборот на Металург му ја препуштаат фаворитската улога на противникот, но порачуваат дека же се борат до крај за секоја топка.

– Предизвик е секогаш кога се игра против Вардар. Противникот во моментов е во подобра ситуација, а нам ни остануваат да  одиграме три натпревари од СЕХА лигата до крајот на годината. Против Вардар утре, во недела со Веспрем и потоа следната среда со Раднички во Крагуевац. Ние се соочуваме со повредени играчи и не знаеме во каков состав ќе настапиме на дуелот кој порано беше најголемо дерби на Балканот, истакна на денешната прес-конференција тренерот на Металург Лино Червар.

За десното крило Гоце Георгиевски ова е уште еден дебри дуел на кој треба да се даде максимумот.

– Секој натпревар со Вардар значи борба, притисок, жар. Тие се фаворити во дуелот со нас, но ние ќе дадеме максимум и ќе се бориме за секоја топка, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он