Металург го совлада шампионот Вардар

Од:

Ракометарите на Металург направија голем подвиг откако вечерва во натпреварот од првото коло од плеј офот го победија шампионот Вардар со 29:26 (15:13). Натпреварот се одигра во салата „Автокоманда“ пред полни трибини, а Металург ја искористи предноста на домашен терен да извојува значајна победа.

Во првиот дел двете екипи се менуваа во водство, кое по 30 минути беше во корист на играчите на тренерот Лино Червар. Во вториот дел тренерот на Вардар Раул Гонзалез се обиде да внесе промени во играта, но неговата екипа само во два наврати изедначи (17:17 и 21:21).

Во финишот на дуелот Металург стигна и до четири разлика и заслужено оствари победа. Најефикасен на натпреварот беше Немања Обрадовиќ од Металург со 10 голови, додека кај Вардар Иван Чупиќ постигна шест голови.

На вчера одиграните дуели од 1.коло од плеј офот: Охрид – Работник Еурофарм 28:23 и Борец – Пелистер 29:33.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска