Металург го освои турнирот „Мастер Гренобл“

Од:

Ракометарите на Металург го освоија првото место на силниот меѓународен турнир во Гренобл, Франција, откако во финалето ја совладаа силната екипа на Ирун Бидасоа од Шпанија, со 32:31, објавија „металурзи“ на клупскиот сајт.

Македонскиот вицепрвак до триумфот дојде со голот на Александар Шпенде буквално во последната секунда. Токму Шпенде беше прогласен и за најдобар играч на турнирот, а Даниел Дупјачанец за најдобар голман.

Во дуелот за третото место Истр го победи домаќинот Гренобл со 28:26.

Турнирот Мастерс де Хендбол има традиција од 2002 година и досега на него учествувале бројни силни европски екипи. Годинава покрај Металург и Ирун Бидасоа, настапија и француските екипи Истр и Гренобл.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он