Македонскиот ракометен вицепрвак Металург вечерва го игра последниот натпревар од СЕХА лигата сезонава. Тмот од Автокоманда гостува во Хрватска кај екипата на Нексе. Дуелот на овие две екипи одигран во септември минатата година во Скопје заврши без победник 25:25.
На последниот натпревар тренерот Лино Червар нема да може да смета на повредените Филип Кузмановски и Александар Гуглета.
По натпреварот Металург ќе замине на подготовки во Пореч за дуелите од плеј-офот од првенството на Македонија.
Попладнево се игра и дуелот Извиѓач – Горење.
На натпреварот одигран вчера Веспрем го совлада Татран со 32:28.
Табела: Вардар 44 бодови, Веспрем 44, Загреб 34, Цеље 33, Мешков Брест 32, Металург 17, Горење 15, Нексе 15, Татран Прешов 10, Извиѓач 4.