Мет Лебланк речиси го прегази колегата на снимање

Од:

Холивудскиот актер Мет Лебланк од неодамна се придружи на нова екипа на култната британска емисија „Top Gear“, а снимањето на емисијата која се занимава со автомобилизам не може да помине без опасни ситуции и неконтролирани удари на адреналин, нешто што актерот го дозна на потешкиот начин.

Така, во една од наредните емисии, ќе видиме дел каде Лебланк го тестира најновиот модел на Порше, а токму таа ситуација многу брзо прерасна од возбудлива во опасна. Имено, Лебланк не бил информиран дека снимателот ќе легне на патот за да сними што подобри кадри, ниту пак актерот го видел пред себе додека бил во автомобилот.

– Јас не бев свесен дека снимателот лежи на патот и снима. Дадов гас и речиси го убив. Сите викаа и мавтаа со рацете да го запрам автомобилот. Се уште се тресам од страв кога ќе се сетам на тоа, откри Мет пред новинарите и додаде.

– Многу ми е мило што е добро. Само секунди не делаа од несреќата, призна актерот.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска