Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, на прес-конференција по победата над Нигерија (2:1) изјави дека тој и неговиот соиграчи од репрезентацијата поминале тешки моменти на Мундијалот.
– Ни на крај памет не очекувавме дека вака ќе се мачиме да ја поминеме групата. Претрпевме ужасни моменти и кога Рохо го постигна победничкиот гол многу ми олесни. Ја контролиравме топката во првото полувреме обидувајќи се да создадеме шанси за гол. Мислевме дека и во вториот дел ќе биде исто, но…. Како се наближуваше крајот ни се чинеше дека времето лета, станавме нервозни. За среќа се се заврши во наша полза, истакна Меси.
Аргентина во осминафиналето ќе игра со Франција.
– Ги гледавме сите натпревари на францускиот тим. Таа имаат многу силен состав, добри се во одбраната,а во нападот се експлозивни и брзи, додаде Меси.