Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси ќе биде во составот за дуелот со Русија, но нема да игра против Нигерија.
Меси ќе ја предводи Аргентина на 11 ноември на отворањето на реновираниот „Лужники“ во Москва.
Средбата на Аргентинците закажана за 14 ноември во Крснодар против Нигерија, членот на Барселона ќе ја пропушти, а најверојатно тој нема да биде ниту дел од експедицијата која ќе отпатува од Москва кон Краснодар.
Причините поради кои Меси ќе одигра само една од планираните два контролни натпревара за аргентинскиот национален тим овој месец, засега не се познати.