Најдобриот аргентинскиот играч Лионел Меси објави бојкот кон претставниците на медиумите во неговата земја поради обвинувањата дека неговиот соиграч Езекиел Лавеци пушел марихуана во тренинг кампот.
По синоќешната победа над Колумбија (3:0), капитенот го донесе целиот тим на прес-конференцијата на која ги критикуваше новинарите, бидејќи, како што рече, злонамерно пишуваат на сметка на националниот тим.
– Одлучивме веќе да не зборуваме со новинарите. Причината е позната. Имало многу обвинувања, непочитувања, а случајот со Лавеци е многу сериозен. Може да се даваат критики за резултатите и игрите, но не и да се оди во детали за приватниот живот на луѓето. Ако сега тоа не го сопреме нема никогаш, рече Меси.
Лавеци остро негираше дека користел дрога и најави тужби за медиумите поради нанесена голема штета кон него и на неговото семејство, како и на кинескиот клуб Хебеј з акој настапува.