Меси: Болката е огромна, ќе биде потребно време оваа рана да зарасне

Од:

Фудбалерите на Аргентина загубија со 1:0 од Шпанија во финалето на Светското првенство.

Аргентинците не успеаја да ја одбранат титулата светски првак, откако одиграа еден од најслабите натпревари во историјата на финалињата на Светското првенство.

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, се огласи на Инстаграм по поразот.

Неговата објава собра милион лајкови за само неколку минути.

„Болката е огромна и ќе биде потребно време оваа рана да зарасне. Но, го чувам и сето она што беше добро… Натпреварите во кои го свртевме резултатот давајќи го максимумот – кои засекогаш ќе останат во нашите сеќавања – како и поддршката од целата нација, која благодарение на напорната работа и вложениот труд на оваа група, ни овозможи повторно да бидеме меѓу најдобрите во светот. Денес е тешко целосно да се сфати големината на нашиот успех, но оваа група одигра две последователни финалиња на Светското првенство. Ви благодарам од срце за секој поздрав и секоја порака. Уште еднаш успеавме да се обединиме како нација и да бидеме заедно, споделувајќи ја огромната гордост што сме Аргентинци. Исто така, сакам да ѝ честитам на Шпанија за освојувањето на титулата“ – напиша Меси.

Би можело да ве интересира

Меси: Марадона нè поддржуваше на секој чекор, дури и од небото

А1он

(ВИДЕО) Величествено збогување со најголемиот: Аргентинците го испратија Меси во солзи

ФИФА откри неверојатен податок за Меси и Аргентина

Лионел Меси стана сопственик на уште еден фудбалски клуб

А1он

(ВИДЕО) Феноменален гол на Меси од слободен удар

А1он

Билетите за „последното танго“ на Меси за Аргентина распродадени за два часа

А1он