„Мерцедес“ развива интелигентен хибриден погон

Од:

Новиот хибриден погон на „Мерцедес“ користи податоци од навигацискиот систем, како што се накосување на патот и ограничување на брзината, со што се оптимизира искористувањето на електричната енергија складирана во бтериите од автомобилот.

Како и другите производители на автомобили и „Мерцедес“ работи на унапредување на хибридниот погонски систем за да ги подобри перформансите на автомобилот и да се намали потрошувачката на гориво.

Системот „Intellignet HYBRID“ е развиен во соработка со Ф1 тимот на „Мерцедес“.

Благодарение  на навигацијата „COMAND Online“, системот добива информации за накосувањето на теренот на делниците од патот пред возилото, со цел да се пресмета колкав е потенцијалот за полнење на батеријата на тој дел од патот.

Со оглед  дека електромоторот, односно електричната енергија се користи како поддршка за погонот на автомобилот при искачување, а се обновува на удолници, системот ги анализира овие информации со цел полнењето и празнењето на батеријата максимално да се оптимизираат. На тој начин, се намалува потрошувачката на горива на главниот, конвенционален мотор што е дел од хибридниот погон.

Колку гориво ќе се заштеди зависи од топографијата на теренот на кој е изграден патот.

„Мерцедес“ објаснува дека заштедите ќе бидат поголеми доколку патот има повеќе удолници и нагорнини.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска