Шефот на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф изјави дека Естебан Окон нема да го замени Валтери Ботас следната сезона како што се шпекулира во јавноста.
Раководството на германскиот тим е многу задоволен од перформансите на Финецот.
– Ние штотуку направивме три едн-два победи по ред, што не се случи во Формула 1 од 1992 година. Затоа, нема смисла да се разгледаат какви било промени во составот за следната година. Потоа ќе започнеме преговори со Ботас и Хамилтон. Само по завршувањето со нив, ќе разгледаме други опции. Но, лично, не гледам причина за промена на составот, истакна Волф.