Тимот на Мерцедес последните две трки од шампионатот во Формула 1 ќе ги искористи да проба мекои новини кои можеби ќе ги користи во следната сезона.
Во пресрет на трките во Бразил и во Абу Даби, Мерцедес ја обезбеди титулата кај конструкторите, а исто така нивниот пилот Луис Хамилтон го има обезбедено шампионскиот трофеј.
Во интервју дена пред стартот на тркачкиот викенд во Бразил, шефот на тимот Тото Волф изјави дека Мерцедес ќе бидат похрабри, ќе тестираат нови елементи и ќе експериментираат, нешто што би било премногу ризично доколку се уште се бореа за титулата.
– Тензиите за последните две трки веќе падна. Ние гледаме кон следните две трки како кон првите од 2018-та. Ќе ги користиме за да утврдиме пристап во зимскиот преоден рок и редоследот по кој да почнеме да работиме, откри Волф.