„Мерцедес“ ја продолжи Е класата за потребите на кинескиот пазар

Од:

Понудата на лимузини со продолжено меѓуосовинско растојание е нешто што се подразбира кај секој премиум производител на кинескиот пазар. Со оглед на фактот дека не сака да заостанува зад конкурентите „Мерцедес„ на Саемот на автомобили во Шангај 2013. ја претстави продолжената верзија на новата Е класа.

Дизајнот на надворешноста е преземен од стандардниот модел што беше претставен во јануари 2013 година во Детроит.

Купувачите во Кина ќе можат да бираат меѓу две стилски варијанти на предниот дел на автомобилот: поелегантната, со класична трикратна ѕвезда што се наоѓа на врвот на хаубата и спортската, со симболот на „Мерцедес“ што се наоѓа на централниот дел од маската на ладилникот.

Продолжената верзија е нарасната за 140 милиметри. Вкупната должина на возилот сега изнесува 5.019 милиметри, а на меѓуосовинското растојание одат 3.014 милиметри.

Како што претпоставувате, најмногу корист од зголемувањето на меѓуосовинското растојание ќе имаат патниците на задните седишта, заради кои се и изработуваат ваков вид автомобили. На тој начин, клиентите кои се возат одзади, како менаџерите од среден ранг, можат да уживаат во предностите на луксузната лимузина по значително пониска цена од седанот од високата класа.

Дизајнерите на овој „Мерцедес“ отидоа толку далеку па на патниците на задните седишта им ја овозможија привилегијата со електрични команди да ги движат предните седишта за себе да си овозможат повеќе комфор.

Во понудата ќе бидат три бензински верзии, најслабата Е260 L BlueEFFICIENCY со четирицилиндричен мотор со директно вбризгување што развива 204 КС, потоа Е300 L што го придвижува шестцилиндричен агрегат со 245 КС и најсилниот модел Е400 L, исто така, со шестцилиндричен мотор од 333 КС.

Сите три верзии на располагање се со рачен и со автоматски менувач.

„Мерцедес“ најави и дека подоцна во понудата ќе бидат и уште некои варијанти, како моделот Е400 L Hybrid.

„Мерцедес“ Е класа со продолжено меѓуосовинско растројание ќе се произведува и ќе се продава исклучиво во Кина.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска