Компанијата „Мерцедес“ на светот му ја претстави новата класа и етикетата „Х“, зад која се крие нивната визија на пик-ап возила.
Германците одлучија да не измислуваат топла вода, па класата ја развиле врз основа на легендарната „Нисан Навара“.
И покрај познатата линија на потрошувачите им се нудат решенијата вградени во моделите на „Мерцедес“ за предниот и задниот дел на ова импресивно визоло, но, пред се, моделот го карактеризира типичниот луксузен ентериер.
Треба да се истакне дека, иако моделот нема да оди во Америка, некако наликува дека дизајнерите одлучиле само во еден дел да ја применат европската префинетост на овој тип автомобили, а дека за себе си дале одмор и просторот го искористиле за малку погруби и погломазни решенија. Сепак, ова е пик-ап.
„Х“ класата носи три линии – „Pure“, „Progressive“ и „Power“, а ќе бидат понудени четири мотори, два системи за пренос на силата и опциски за погон на сите четири тркала. Во понудата ќе има и осум бои и три варијанти на тркала.
Од моторите на располагање ќе бидат два 2,3-литарски дизелаши, турбо што испорачува 163 хп и битурбо од 190 хп, бензинец со сила од 160 хп и на крајот моќниот В6 дизел од 258 хп.
Цената за сега не се најавува.