„Мерцедес“ со својот модел „АМГ ГТ“ планира да почне остра борба со „Порше 911“, а деновиве веќе почнаа да се појавуват и се повеќе детали за новиот модел на германскиот производител.
За официјалното фотографирање на моделот „Мерцедес“ на улиците извади возило во комбинација со отровно зелена и црна боја и соопшти дека новиот ривал на најпознатиот модел на „Порше“ ќе има алуминиумска каросерија, за да биде што е можно полесен.
Под хаубата „Мерцедес“ ќе вгради сосема нов В8 агрегат со моќност од околу 500 коња, но повеќе детали се уште нема.
Прикажан е и ентериерот, што во голема мера инспирација црпи од „С“ класата, бидејќи тука се и дисплејот налик на таблет и кожените елементи.
„АМГ ГТ“ ќе биде претставен кон крајот на годината, а во март 2015 година треба да се појави во продажба.