Луис Хамилтон и Валтери Ботас и следнаат сезона ќе возат за Формула 1 тимот на Мерцедес, објави директорот на германскиот тим Ники Лауда.
– Гарантирам дека Хамилтон и Ботас и следната сезонаљ ќе бидат во Мерцедес, соопшти Лауда.
Хамилтон во тимот е од 2013 година и е актуелен светски шампион.
Оваа сезона по девет трки, во Генералниот пласман се наоѓа на второто место со само еден бод заостанување зад лидерот Себастијан Фетел.