Мерцедес објави фотографии од новиот болид „W12 E Performance“ за претстојната сезона во Формула 1. Презентацијата на автомобилот ќе се одржи денес, 2 март, во онлајн формат.
– Претставување на новиот болид „W12“ можете да го погледнете за прв пат, објави Мерцедес на Твитер.
Автомобилот е изведен во црна боја со тиркизни линии и црвено-сив врв. На трупот има ѕвезда во спомен на легендарниот пилот Ники Лауда.
За потсетување, пилоти на тимот за сезоната 2021 ќе останат Луис Хамилтон и Валтери Ботас.