Мерцедес најави купе караванска изведба од моделот ЦЛА, со што ќе ја закоружи новата генерација компактини возила со погон на предните тркала.
Германскиот производител со претставувањето на новата А Класа во 2012 година најави дека гамата врз МФА платформата со преден погон ќе брои пет членови. Во 2013 година кон новата А Класа се приклучија новиот модел од Б Класа, ЦЛА и кросоверот ГЛА.
Според магазинот „Car & Driver“ петтиот модел ќе биде ЦЛА Шутинг Брејк, што ќе се појави до крајот на 2014 година.
Мерцедес ЦЛА Шутинг Брејк најверојатно ќе биде понуден со истата палета на четирицилиндерски бензински и дизел мотори, што се достапни кај останатите модели со погон на предните трклала.