„Мекларен“ подготвува возило за обичните смртници

Од:

Компанијата „Мекларен“ сака своите автомобили да им ги понуди на малку поширока публика, па зад параванот веќе го подготвува  „влезниот модел“ под кодно име „П13“.

За „Мекларен“, сепак, овој „влезен модел“ претставува двосед од карбонски влакна, со В8 агрегат од 3,8 литри и 450 коњски сили чија  конкуренција се „Ауди Р8“, „Нисан ГТ-Р“, „Порше 911 Карера С“.

Британскиот производител на суперавтомобили треба да исфрли три верзии на моделот „П13“ со различни каросерии – регуларен купе, кабриолет и ГТ верзија, која ќе нуди поголем багажен простор и која на прва топка ќе делува најпримамливо за најшироката публика.

Се очекува производство на околу 4.000 парчиња годишно.

Пресвртот во делувањето помалку е неочекуван за „Мекларен“, чии машини досега ги возеа само ретките среќници, но се верува дека по успехот со моделот „650 с“ публиката добро ќе реагира и на релативно пристапниот, а луксузен и моќен „ГТ“ автомобил што ја носи ознаката „Мade in Britain“.

Информациите ги објави магазинот „Car&Driver“, што наведува дека „П13“ со цената ќе биде во рангот на врвно опремениот „ Порше 911“ и ќе изнесува околу 120.000 евра. Други извори наведуваат дека цената ќе биде малку повисока.

Моделот треба наводно да се појави во јавноста кон крајот на 2015 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска