Мекларен на 10 декември ќе го претстави својот нов хиперавтомобил кој ќе биде најекстремниот досега. Тоа ќе биде онлајн презентација, а во март наредната година, возилото ќе биде првпат изложено и во салон, на Саемот во Женева.
Новиот модел припаѓа на Меклареновото семејство хиперавтомобили под називот Ултимејт Серии, и засега е означено како П15. Британскиот производител објави и две фотографии на кои се гледаат неговите ЛЕД стоп-светла и ауспух / издувна цевка.
Гласините говорат дека П15 ќе користи напреден 4.0 твин-турбо В-8 мотор којшто го има и во Мекларен 720С, со евентуална додатна помош на електромотор.
Повеќе подробности за автомобилот се очекуваат наредниов период.