Мекејлеб повторно без ангажман

Од:

Американецот со македонски пасош и поранешен член накошаркарската репрезентација на Македонија, Лестер Бо Мекејлеб најверојатно нема да го продолжи договорот со Баерн Минхен и повторно ќе остане без ангажман.
Мекејлеб кој потпиша едномесечен договор со Баерн Минхен е пред истек на договорот, а тренерот на германскиот клуб рече дека не е задоволен од настапите на Бо.

Клубот се наоѓа во лоша резултатска серија во Евролигата, а стратегот Светслислав Пешиќ како еден од главните виновници го посочи Мекејлеб.

– Без цврста одбрана не се стигнува до добар резултат, а ние сме очајни во дефанзива цела сезона. За лошите резултати има многу причини. Ниту засилувањето Мекејлеб, кој беше доведен да ни помогне и да ја подигне нашата игра на повисоко ниво не го прикажува тоа што го очекував. Да бидам искрен, не сум задоволен од него, затоа што тој не ни донесе ништо добро откако пристигна во Баерн, изјави Пешиќ.

По осум одиграни кола во Евролигата Баерн е претпоследен во Ц групата со само една победа и дури седум порази. Вечерва германскиот тим во Минхен игра со последно пласираниот Туров, на полувреме губи со 46:38.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос