Македонски кошаркарски репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб ја посериозно ја повреди дланката и поради тоа ќе биде надвор од теренот најмалку два месеца.
Мекејлеб има актуелен договор со Баерн Минхен до крајот на месецот. Во германскиот клуб се задоволни од досегашните игри на Бо и посакуваат тој да остане во нивните редови и покрај повердата.
– Ќе разговараме повторно на крајот од месецот. Моја желба е да остане во тимот, одговори тренерот Светислав Пешиќ на прашење за евентуално продолжување на договорот со Американецот со македонски пасош.
Во досегашните настапи за Баерн Минхен Мекејлеб во Бундес лигата имаше ефект од 13,6 поени, 5,6 асистенции и 2,3 скокови.