Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб се очекува својот деби настап за Баерн Минхен да го има утре против Барселона во Евролигата.
Германскиот клуб преку својата веб страна потврди дека сите документи за Мекејлеб се комплетирани и дека тој можеби уште утре да се појави во составот предводен од Светислав Пешиќ.
Американецот со македонски пасош има договор со Баерн за едномесечна соработка со можност по истекот на овој договор да се склучи нов подолгорочен.
-Во овој момент Баерн е најдобриот избор за мене и со нетрпение чекам да заиграм, изјави Мекејлеб по потпишувањето на договорот.