Mеѓународен кошаркарски турнир „Битола 2016“

Од:

Кошаркарскиот клуб „Младост“-Битола викендов ќе биде домаќин и организатор на шестиот традиционален меѓународен кошаркарски турнир „Битола 2016“, на кој заедно со младите кошаркарки и кошаркари ќе бидат и ветераните Ѓузепе „Пино“ Ѓерѓа од Хрватска и Благоја Георгиевски-Буштур од Македонија.

Турнирот ќе се одвива во четири категории, за момчиња и девојчиња, а ќе учествуваат екипите „Воштарница“ и „Задар“-Хрватска, „МЗТ Скопје Аеродром“-Скопје, „Партизан Водно Санс“-Скопје, „Ваис профил“-Кавадарци, „Спорт Тим“-Неготино и домаќинот „Младост“-Битола, истакна Владимир Прчков, портпарол на турнирот.

– Покрај младинскиот турнир, прв пат годинава ќе се одржи и турнир за ветерани. Учесници ќе бидат екипите на „Задар“-Хрватска, „Работнички“-Скопје, „Велес“-Велес и комбинирана екипа на „Младост“ и „Пелистер“ од Битола. Исто така интересно е дека за прв пат во Македонија спортска јавност на дело ќе го види 80 годишниот Ѓузепе или Јосип „Пино“ Ѓерѓа, легенда на поранешната југословенска кошарка, освојувач на две сребрени медали од Светските првенства во Бразил 1963 и Уругвај 1967 година, а наши посебни гости ќе бидат и македонските кошаркари Благоја Георгиевски-Буштур и Тодор Гечевски, посочи Прчков.

Свеченото отворање на турнирот е закажано за утре во 14 часот во спортската сала „Младост“, а освен во овој спортски објект, натпреварите ќе се играат и во спортските сали „Павел Шатев“-Студентски дом и во Гимназија „Јосип Броз-Тито“-Битола.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос