Извршниот директор на фабриката за накит, скапоцени камења и метали „Адамс“ од Москва каде што ќе се изработуваат медалите за Олимписките игри во Сочи, изјави дека вредноста на одличјата за победниците на игрите е околу 10 милиони долари.
– Веруваме дека овие медали се бесценети и да се разговара за цената на наградите посебно е многу тешко. Но, според трошоците на целиот проект проценката е дека се потрошени десетина милиони долари, изјави Максим Вајнберг од „Адамс“.
За Олимпијадата во Сочи која ќе се одржи во февруари идната година изработени се 1.300 медали кои ќе им бидат доделени на најуспешните на Олимписките и Параолимписките игри. Медалите се со знаменитости од земјата домаќин Русија.
За олимпијците медалите се со тежина од 460 до 531 грам, додека златото, среброто и бронзата за параолимпијците тежат од 585 до 686 грама.