Светскиот шампион во ИБФ верзијата Ентони Џошуа и украинскиот боксер Владимир Кличко сепак нема да имаа меч оваа година, туку тие ќе се боксуваат за титулата на пролет 2017 година.
Џошуа и Кличко беа блиску до договор за борба на 10 декември во Манчестер, но поранешниот светски шампион (Кличко) го откажа мечот поради повреда.
Промоторот Еди Хирн најави дека мечот за титулата во ВБО и ВБА верзиите најверојатно ќе се одржи во март или април во Кардиф на „Стадионот Милениум“.
– Ние сме во разговори се уште. „Милениум“ стадионот има подвижен покрив и постои можност Кличко и Џошуа таму да боксуваат, пренесува Би Би Си.
На досегашниот шампион во верзиите ВБА и ВБО му беа одземени титулите поради вмешаност во допингување и користење кокаин.