Мбапе пред дуелот со Јунајтед: Имаме силен тим, но тоа не е доволно за да ја освоиме ЛШ

Од:

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави во пресрет на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на Шампионите против Манчестер Јунајтед дека ПСЖ може да ја освои Лигата на шампионите во иднина.

Првата средба со „црвените ѓаволи“ ќе се одржи на 12 февруари во Англија, а младиот талент изјави дека верува во можностите на својот тим да го крене трофејот ако не оваа година, тогаш во следните сезони и дека верува во иднината на ПСЖ.

„Освојувањето на Лигата на шампионите не е лесно, треба да продолжиме да се бориме и никогаш да не се предаваме. Мислам дека нашето време ќе дојде, но не треба да брзаме премногу. Само треба да продолжиме во истиот дух. Сè зависи од нашиот тим, ние треба да си ја вршиме работата. Создадовме навистина силен тим. Мислам дека е забележително. Сега треба да одиме подалеку, бидејќи тоа не е доволно за да ја освоиме ЛШ. Стануваме посилни, напредуваме, работиме секој ден . Треба да продолжиме да се движиме во таа насока“, изјави Мбапе пред „ФорФор Ту“.

Би можело да ве интересира

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1

Легендарниот Французин тврди: Погба му фрли црна магија на Мбапе

Предраг Петровиќ