Мбапе не смее да ја носи маската со која тренираше

Од:

Килијан Мбапе на тренингот на Франција се појави со маската која требаше да ја носи на продолжението на Европското првенство.

Тој во четвртокот се појави на тренинг со маска во боите на француското знаме, но според член 42 од правилникот на УЕФА медицинската опрема што играчот ја носи на теренот мора да биде во една боја, а маската на Мбапе не е таква.

На натпреварот против Австрија, Мбапе го скрши носот во воздушен дуел со противнички играч и поради тоа мораше да ја напушти играта.

По натпреварот беше одлучено да не се оди на операцијата што ја пролонгираше по ЕП.

Беше најавено дека најверојатно ќе го пропушти групното дерби со Холандија во петок (21 часот), но со оглед на тоа што тренираше постои шанса да биде на теренот.

Некои информации од француските медиуми велат дека не е исклучено капитенот на „триколорите“ да го пропушти остатокот од групната фаза.

Во меѓувреме, тој побара помош од фановите при изборот на маска што ќе ја носи на остатокот од натпреварувањето.

На крајот избра маска во боите на Франција, но според правилата не може да ја носи доколку не добие посебно ослободување, што тешко дека ќе се случи.

Би можело да ве интересира

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

Маскиран, Мбапе е снимен како излегува од ноќен клуб за време на натпреварот Франција-Израел

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Кукуреља го „спушти“ Невил: „Отидовме до крај, Гери“

Порака на Шкотска до Шпанците во пресрет на финалето – одмаздете им се на Англичаните за се што ви прават

Предраг Петровиќ

Олмо: „Не се плашиме од никого“

Предраг Петровиќ