Мазда ЦХ-3 – нов мал кросовер

Од:

Јапонската компанија Мазда на Саемот во Лос Анџелес го претстави првиот мини-компактен кросовер, моделот ЦХ-3.

Мазда ЦХ-3 доаѓа со новиот „Кодо“ дизајн, карактеристичен за сите модели на компанијата по 2011 година.

Новиот модел е поставен на платформата на новата Мазда 2. Двете возила имаат идентично меѓуоскино растојание од 2.570 милиметри, но ЦХ3 е подолг за 215 и повисок за 55 милиметри.

На европскиот пазар Мазда ЦХ3 ќе биде достапна со два дволитарски Скајактив-Г бензиснки и 1,5 литарски Скајактив-Д дизел мотор. Силата се пренесува со шестстепен мануелен или шестстепен автоматски именувач, а освен стандардниот погон на предна оска, достапен е и модел со погон на сите тркала.

Продажбата во Европа почнува кон средината на 2015 година, кога ќе бидат познати повеќе технички карактеристики и цени.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on