Синиша Матиќ од денеска не е тренер на кошаркарите на Карпош Соколи. Ова е целосен пресврт откако Матиќ по поразот од Унион Олимпија изјави дека не размислува за оставка.
Под водство на Матиќ тимот на Карпош Соколи забележа седум порази во АБА лигата и два во БИБЛ лигата. Тренерот од Србија по состанокот со раководството на клубот решил да понуди оставка, која била и прифатена. Под водство на Матиќ лани Карпош Соколи играше во финалето на кошаркарскиот куп на Македонија.
Во следните денови клубот ќе треба да наименува нов тренер, а како можен наследник на Матиќ можно е да биде назначен и неговиот помошник Борче Даскаловски.