„Масерати“ нема да прави помали и поевтини модели

Од:

И покрај планот до 2018 година пет пати да ја зголеми  продажбата во однос на бројот на испорачани автомобили во 2013 година, „Масерати“ не планира да произведува помали возила од моделот „Гибли“.

Освен тоа, од компанијата пристигнуваат вести дека во понудата нема да се најде поевтин модел на „Масерати“ од СУВ моделот „Леванте“, најавен за 2015 година.

Иако нема намера да произведува поевтини автомобили од овие два модела, италијанскиот производител не ја отфрла можноста за намалување на цените на некои од постоечките модели, што секако ќе придонесе за раст на продажбата и достигнување на посакуваната цел до 2018 година.

Како што пренесува авто-магазинот „Моторинг“, „Масерати“ ќе мора да се трансформира од производител на „егзотични“ автомобили во компанија што изработува „ексклузивни“ возила, за да ја зголеми продажбата од 15.700 единици, колку што пласираше во 2013 година, на планираните 75.000 примероци.

Се верува дека СУВ-от „Леванте“ значително ќе придонесе за раст на продажбата и дека тоа ќе биде новиот најпродаван модел во гамата на „Масерати“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска