Марко Томас во составот на Хрватска за Евробаскетот

Од:

Разрешена е и последната дилема околу составот на Хрватска за претстојното Европско првенство откако името на Марко Томас се најде меѓу 12-те избрани за настап.

Неколку часа пред истекот на рокот, односно по денешниот тренинг селекторот Велимир Перасовиќ сепак се реши повредениот Томас да биде во репрезентацијата. Со тоа без Евробаскетот ќе останат Томислав Зубчиќ и Жељко Шакиќ.

За Томас ова може да се смета како деби настап на големите натпреварувања. Тој на шампионатот во 2011 година во Литванија се повреди во дуелот од 2.коло со Македонија. Поради повреди тој не го носеше дресот на Хрватска и на шампионатите 2013 година во Словенија и 2009 година во Полска, а настапи во 2005 година.

За селекцијата на Хрватска, која е еден од ко-домаќините ќе играат следниве играчи: Анте Томиќ, Дамјан Рудеж, Рок Стипчевиќ, Бојан Богдановиќ, Дарио Шариќ, Марко Томас, Роко Лени Укиќ, Крунислав Симон, Донтеј Драјпер, Миро Билан, Лука Жориќ и Марко Хезоња.

Репрезентацијата на Хрватска утре во 1.коло ќе игра против Словенија, додека на 8.септември во вторник е дуелот од 3.коло меѓу Македонија и Хрватска.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос