Марјан Илиевски веќе не е селектор на машката кошаркарска репрезентација на Македонија

Од:

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација, на денешната седница ја прифати оставката на селекторот на машката сениорска репрезентација, Марјан Илиевски, кој истата ја поднесе пред почетокот на седницата.

Од Управниот одбор велат дека се изненадени од потегот.

Сепак, Кошаркарската федерацијата на Македонија ја почитува личната и професионалната одлука на Илиевски и уште упати искрена благодарност за неговиот ангажман, професионалност и придонес во периодот додека ја извршуваше селекторската функција, со желби за многу успех во неговата понатамошна кариера.

Управниот одбор на КФМ донесе одлуки Владо Илиевски, да биде назначен за Координатор на сите национални репрезентативни селекции.

Би можело да ве интересира

Сениорите пристигнаа во Даблин

Предраг Петровиќ

Омари Мур пред дебито за Македонија: „Возбуден сум за новиот предизвик“

Илиевски пред почетокот на подготовките: „Сега сме поискусни, но нема да менуваме многу работи“

Ти Џеј Шортс, најдобриот стрелец во Бундеслигата, ќе биде нов репрезентативец на Македонија

Делегација од Кошаркарската федерација на РС Македонија го посети кошаркарскиот клуб „Крива Паланка”

Ана Ололовска