Маринковиќ: Нашата група е најтешката

Од:

Македонската тениска Дејвис куп репрезентација денеска во Сан Марино ги доби ривалите во групата во рамките на Третата европска зона од ова натпреварување. Македонија како носител се наоѓа во групата Ц, заедно со селекциите на Норвешка и на Ерменија.

За ривалите селекторот Дејан Маринковиќ истакна:

– Ова е дефинитивно најтешката група. Норвешка беше најдоброрангирана во вториот „шешир“, а Ерменија беше најдоброрангирана во третиот „шешир“. Имаме доста тешка задача за да го освоиме првото место во групата што би ни донело меч со првиот од групата А, каде фаворит е Кипар со Маркос Багдатис. Задачата е тешка, но и остварлива.

Распоред на групите:

А група: Кипар, Грција, Сан Марино.
Б група: Естонија, Црна Гора, Лихтенштајн.
Ц група: Македонија, Норвешка, Ерменија.
Д група: Грузија, Малта, Албанија, Исланд.

Утре од 11 часот е почетокот на првиот меч на Македонија, каде за ривал ќе ја имаме Ерменија, а за нашата селекција во мечевите во поединечна конкуренција ќе настапат Димитар Грабул и Томислав Јотовски, потоа ќе се игра и мечот во двојки.
Во четврток Македонија е слободна, а во петок е дуелот против Норвешка.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров