Чешката тенисерка Луси Шафарова направи големо изненадување на Ролан Гарос елиминирајќи ја ланската шампионка Марија Шарапова.
Шафарова одигра феноменален меч против Шарапова совладувајќи ја со резултат 7-6 и 6-4 по нешто помалку од два часа.
Нејзин противник во 1/4 финалето ќе биде Шпанката Гарбина Мугуруза која беше подобра од Италијанката Флавија Пенета со резултат 6-3 и 6-4.