Мареј се повлече од Мастерсот во Рим

Од:

Британецот Енди Мареј се повлече од Мастерс турнирот во Рим. Мари во второто коло забележа лесна победа над Жереми Шарди (6:4, 6:3), но реши мечот од третото коло без борба да му го предаде на Давид Гофан, пренесе Макфакс.

„Преморен сум. Вчера се беше во ред, но денес чувствувам замор“, рекол Мареј.

Британецот, во неделата, го освои Мастерсот во Мадрид, тој размислуше да не настапи во Рим, сепак се реши да се појави во ’вечниот град’, но по еден одигран меч се повлече од турнирот. Инаку Мари беше во делот од костурот каде носител е Новак Ѓоковиќ и се очекуваше дуел на овие двајца во полуфиналето.

Гофан кој без борба мина во четвртфиналето во наредната рунда за противник ќе го има победникот од дуелот помеѓу Гарсија Лопес и Давид Ферер.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров