Мареј против Ѓоковиќ во финалето на „Роџерс купот“ во Монтреал

Од:

Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ се пласираа во финалето на „Роџерс купот“ што се игра во Монтреал. Ѓоковиќ во двата сета успеа да направи по еден брејк што беше доволно да триумфира во мечот против Жереми Шарди. Сетовите Ѓоковиќ ги доби со 6:4 и стигна до 10.та победа против Шарди во истотолку одиграни мечеви.

Шарди со пласманот во полуфиналето на Мастерсот во Монтреал ќе направи скок од 22.места и ќе се пробие на 27.место на новата АТП листа.

Мареј полесно од очекуваното во второто полуфинале го совлада Кеи Нишикори со 6:3 и 6:0 во сетови. Со овој триумф Мареј ќе се врати на втората позиција на АТП листата. Нишикори претходниот викенд играше во добра форма и победи на турнирот во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров