Британскиот тенисер Енди Мареј изјави дека му треба форма каква што во моментов се наоѓа Новак Ѓоковиќ за да победи на Австралија Опен.
Грен слемот во Мелбурн почнува следната недела а според Мареј, за да се освои трофејот ќе треба да се барат и слабостите во играта на ривалите.
– Треба постојано да се стремиш кон подобро, но важно е да ги следиш и конкурентите од кои може и нешто да се научи, но и да се побара некоја нивна слабост. Новак игра во одлична форма, ама не сум сигурен дека тоа може да трае подолг период, вели Мареј.
Своето прво финале во Мелбурн тој го одигра 2010 година кога загуби од Рожер Федерер, а во 2011, 2013 и 2015 година од него беше подобар Ѓоковиќ.
Мареј беше принуден да ги напушти подготовките во Мелбурн поради тоа што мораше да се врати кај неговата сопруга во Лондон, која во моментов има мали проблеми со бременоста.
Британецот вели дека негов приоритет оваа година е да победи на Австралија Опен.
– Многу пати сум бил на чекор до трофејот, а тој е една од моите главни цели оваа година. Исто така, имам цел да го одбранам златниот медал на Олимписките игри во Лондон, додаде Мареј.