Мареј и Ферер први полуфиналисти на Мастерсот во Париз

Од:

Енди Мареј и Давид Ферер успеаја да се пласираат во полуфиналето на Мастерсот во Париз откако во четвртфиналните мечеви денеска ги совладаа Ришар Гаске односно Џон Изнер. Во полуфиналето утре ќе играат меѓусебе.

И двата меча имаа ист тек. Мареј и Ферер имаа водство од 1:0, а потоа ривалот успеваше да изедначи и решавачкиот сет го добиваа Мареј и Ферер.

Мареј го победи Гаске со 7:6 (7:3), 3:6 и 6:3 на поени, додека Ферер беше подобар од Изнер со 6:3; 6:7 (6:8) и 6:2.

Во вторите два четвртфинални мечеви вечерва ќе играат Новак Ѓоковиќ против Томаш Бердих и Стан Вавринка против Рафаел Надал.

Победниците од овие мечеви ќе играат во второто полуфинале.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров