Мареј и Бердих полуфиналисти во Мајами

Од:

Британецот Енди Мареј и ќешкиот тенисер Томаш Бердих изборија полуфинале на Мастерсот во Мајами, откако ноќеска во четврфиналната фаза беа подобри од своите ривали.

Мареј во три сета го елиминира Доминик Тим од Австрија. Првиот сет му припадна на австрискиот тенисер со 6:3, Мареј изедначи по 6:4 во вториот сет, а во решавачкиот беше 6:1.

Бердих одигра сигурен меч против Аргентинецот Хуан Монако и славеше со 2-0, по сетови 6:3 и 6:4.

Во другите два четвртфинални дуели се среќаваат:

Новак Ѓоковиќ (Србија) – Давид Ферер (Шпанија) и

Кеи Нишикори (Јапонија) – Џон Изнер (САД).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров