Мареј експресно во третото коло на Вимблдон

Од:

Шкотскиот тенисер Енди Мареј експресно обезбеди пласман во третото коло на неофицијалното светско првенство, Вимблдон.

Бранителот на трофејот Мареј за само 1 час и 24 минути го доби мечот против Словенецот Блаж Рола убедливо во три сета, препуштајќи му на противникот само по еден гем во првиот и вториот сет, односно со 6:1, 6:1 и 6:0.

Наредниот противник на миленикот на лондонската публика ќе биде подобриот од мечот меѓу Јан Херних и Роберто Баутиста Ахут.

Во досега завршените натпревари се случи и изненадување за кое се погрижи Украинецот Сергеј Стаховски, кој по три сета го елиминира Ернест Грлбис од Летонија, кој на Вимблдон беше 12-ти носител.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров