Маратонци од Делчево ќе трчаат на Женевскиот маратон

Од:

Победници на уличната трка на 5 и 2.5 километри која се одржа во Делчево, ќе бидат дел од маратонската трка во Женева, насловена „Course de l’Escalade“, трка која има традиција на одржување од полни 41 година.

Како што информира Дејан Златковски од здружението ,,Драмас”, учеството на делчевските претставници на Женевскиот маратон се реализира со финансиска поддршка на здружението ,,Драм-Ас” како и Асоцијацијата на македонски иселеници во Швајцарија и Франција ,,Рефрама” кои беа главни организатори на трката која по повод патронот на градот во месец мај се одржа во Делчево.

– На трката во Женева ќе учествуваат Борче Ивановски кој беше победник на главната трка на 5 километри, тој во Женева ќе трчи 7,3 километри, додека Марија Богдановска која беше победник на 5 километри и Павлина Станоева која на трката во Делчево беше најбрза на 2,5 километри, во Женева ќе бидат дел од натпреварувањето на 4,8 километри. Целта е победниците да го почувствуваат духот на еден вистински маратон и своето искуство потоа да го пренесат на овдешните учесници.

За учесниците ова ќе биде прво учество на ваков позначаен настан надвор од Македонија.

Трката „Cour’s de l’escalade“ во Женева оваа година се организира по 41 пат, а досега како штои на официјалната бев страна пријавени се над 40.000 учесници ширум светот.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ