Марадона: Возбуден сум пред новиот ангажман во Мексико

Од:

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона изјави дека е возбуден по неговото назначување за тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос де Синалоа.

Марадона утре ќе допатува во Кулијакан и ќе ја официјализира соработката со клубот.

– Возбуден сум за новата можност да работам како тренер. Среќен сум што доаѓам во земја каде станав шампион на светот, истакна легендарниот аргентински фудбалер.

Марадона на Светското првенство во Мексико во 1986 година со арагентинската репрезентација ја освои шампионската титула, а тој беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот.

По завршување на играчката кариера Марадона во неколку наврати беше ангажиран како тренер, а работеше и како селектор на репрезентацијата на Аргентина.

Би можело да ве интересира

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Почина братот на Марадона

А1он

Обожавател на Марадона, и третото дете го крсти по својот миленик

Кубанката Алварез сведочеше дека била силувана од Марадона кога имала 16 години

Ана Ололовска

Статуа на Марадона на стадионот во Неапол

А1он

ВИДЕО: Марадона бил во врска со 16-годишно девојче, ја дрогирал и ја чувал заклучена

А1он