Марадона преговара со Монпеље

Од:

Легендарниот Диего Марадона почна преговори околу преземање на местото тренер на Монпеље, објави агенцијата која го застапува во Франција.

Марадона, кој немаше многу успеси како тренер, без ангажман е од минатата година, кога доби отказ во Ал Васли од Дубаи.

Бидејќи Рене Жирар ќе ги напушти редовите на францускиот шампион на крајот на сезоната, изгледа Монпеље сега бара големо име што ќе го замени.

„Марадона не извести дека е подготвен да преговара со Монпеље околу евентуално преземање на водењето на клубот. Им испративме факс во клубот и им дадовме зелено светло за почеток на преговори“ – изјавија од агенцијата која го застапува Марадона во Франција, а интересно е тоа дека соработува и со Монпелје.

По претходната одлична сезона, Монпеље во оваа имаше големи проблеми да ги усогласи обврските во Европа и Франција. Клубот испадна од Лигата на шампионите уште во групната фаза, а моментно има десет бодови помалку од лидерот ПСЖ на 11 кола пред крајот на сезоната во првата француска лига.

Би можело да ве интересира

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Почина братот на Марадона

А1он

Обожавател на Марадона, и третото дете го крсти по својот миленик

Кубанката Алварез сведочеше дека била силувана од Марадона кога имала 16 години

Ана Ололовска

Статуа на Марадона на стадионот во Неапол

А1он

ВИДЕО: Марадона бил во врска со 16-годишно девојче, ја дрогирал и ја чувал заклучена

А1он