Марадона му порача на Меси да не се враќа во аргентинската репрезентација

Од:

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона „му упати совет“ на Лионел Меси да не се враќа во репрезентацијата на Аргентина, бидејќи притисокот на јавноста врз него е преголем.

– На Меси би му препорачал да не се враќа повеќе и да се пензионира. Ако загуби репрезентацијата за фудбалери до 15 години, за тоа е виновен Меси. Ако ждрепката ги вкрсти Расинг и Бока и за тоа е виновен Меси. Па да видиме дали ќе ги решат проблемите без него… Сакам да кажам дека тој не е виновен што не сме светски шампиони, истакна Марадона.

Аргентинската репрезентација се соочуваше со многу проблеми пред и за време на Светското првенство во Русија, а Меси по завршувањето на Мундијалот најави дека до крајот на годината нема да настапува за националниот тим.

Фудбалската федерација на Аргентина се надева дека тој ќе се премисли и ќе се врати во репрезентацијата, поради што не дозволуваат некој друг да го земе дресот со број десет.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Време е за промена: Младите фудбалери и вторпат поразени од Косово

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ