Марадона именуван за тренер на второлигаш од ОАЕ

Од:

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона е именуван за тренер на Ел-Фуџајре, второлигаш од Обединетите Арапски Емирати. Марадона немал клуб од 2012 година кога доби отказ во Ал Васлу од Дубаи.

– Официјално, Марадона е тренер на Фуџајре, се вели во соопштение на клубот.

Тоа го потврди и 56-годишниот Марадона на својата Фејсбук страница. Постави нова фотографија на која држи дрес на клубот со број 10 и напиша: Ова се моите нови бои.

Како селектор го предводеше државниот тим на Аргентина од 2008 до 2010 година.

Марадона е еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, и освои СП со Аргентина во 1986 година. Четири годни подоцна играше во финалето на Мундијалот. Во кариерата играше за Бока Јуниорс, Барселона, Севилја, Наполи со кој освои две шампионски титули во Италија, и Њуелс Бојс. Кариерата ја заврши во 1997 година во Бока.

Би можело да ве интересира

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Почина братот на Марадона

А1он

Обожавател на Марадона, и третото дете го крсти по својот миленик

Кубанката Алварез сведочеше дека била силувана од Марадона кога имала 16 години

Ана Ололовска

Статуа на Марадона на стадионот во Неапол

А1он

ВИДЕО: Марадона бил во врска со 16-годишно девојче, ја дрогирал и ја чувал заклучена

А1он