Селекциите на Италија и Хрватска одиграа 1:1 на првиот натпревар од второто коло во групата Ц.
Во првиот дел Андреа Пирло од слободен удар ја доведе Италија во водство. Но Манџукиќ со својот трет погодок на шампионатот, со кој се изедначи со Гомез и со Џагоев на врвот на листата на стрелците, донесе израмнување во 72. минута од средбата, откако беше подзаборавен од италијанската одбрана во петерецот на Џанлуиџи Буфон.
„Аѕурите“ со ова останаа на два бода по два одиграни меча, но во последното коло ќе играат со аутсајдерот Република Ирска. Хрватска има четири бода, а во последниот меч од групната фаза ќе го има најголемиот предизвик и ќе игра против селекцијата на Шпанија.