Селекторот на Италија, Роберто Манчини, вели дека Македонија воопшто не е лесен ривал и неговата селекција ќе мора да даде максимум за да ги елиминира „црвено-жолтите“.
„ Македонија има одличен тим, добро ги анализиравме и верувам дека ќе успееме да победиме. Ова е бараж натпревар, нема место за поправен испит, па затоа и нема посебни фаворити. Македонија успеа да ја победи Германија на гости со 1:2. Во секој случај, верувам во квалитетот на Италија и се уште тврдам дека не требаше да бидеме во баражот, туку директно да се пласираме на Светското првенство. Очекувам и поддршка од публиката во Палермо и наш сигурен триумф“, изјави Роберто Манчини на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот дуел.
Од Палермо,
Никола Ѓуровски
Топспорт