Мал пад за Јотовски на АТП ранг листата

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски на најновата ранг листа има мал пад од три позиции и сега се наоѓа на 632 место. Јотовски во однос на претходното рангирање има и еден поен помалку – 44.

Димитар Грабул има скок за 14 позиции и се наоѓа на 681 место, воедно тој има и два поена повеќе од претходната недела – вкупно 37.

Другите македонски тенисери немаат промена на освоените поени и имаат само мали поместувања на АТП листата: Стефан Мицов – 1.236 место (6 поени); Шендрит Деари – 1.300 (5 поени) и Бесир Дургути – 1.521 (3 поени).

На врвот на АТП листата нема промени: Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Рожер Федерер, Стан Вавринка и Давид Ферер.

Од денеска нашите тенисери ќе настапуваат на фјучрс турнири: Јотовски и Мицов на Златибор, каде последното коло од квалификациите го игра Дургути, додека Грабул има настап на фјучрс во Белгија.

Најдобрите светски тенисери од денеска ги почнуваат мечевите на четвртиот Грен слем турнир Отвореното првенство на САД што се игра во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров